"Дај ми пари ќе ја растурам црната магија" - итра велешанка се богатела лажејќи дека е бајачка

Велешанка си заработи кривична пријава бидејќи мамела граѓани и се богатела лажејќи дека е бајачка и дека ќе им ги реши сите проблеми.

Се работи за 32-годишната С.А. од Велес која ја измамила 24-годишната сограѓанка  З.Ј.М за 30.000 денари откако и се претставила како бајачка и и ветила дека ќе и отстрани црни магии кои наводно биле фрлени над неа. За овој  ритуал кој го извела велешанката од оштетената добила 500 денари, мобилен телефон и алишта за деца, по што наредниот ден повторно се вратила кај неа бидејќи наводно магијата била толку силна што морало да се забае на златен предмет.

Бидејќи оштетената кај себе немала злато, побарала од нејзината сосетка, златна огрлица, која потоа ја дала на пријавената која ја земала со себе и подоцна ја продала во златара за 7000 денари.

ФОТО: Дневник

најчитано сега