Господ ги чувал: Пет дена по уривање на авион, мајка и бебе пронајдени живи

 

Спасувачките екипи денеска во џунглата во северозападниот дел на Колумбија пронајдоа преживеани мајка и бебе, кои од саботата се водат како исчезнати по уривање на авион.

Осумнаесет годишната Нели Муриљо и нејзиниот син Јудиер Морено, кој се уште нема една година, се пронајдени во близина на местото каде се урна авионот „цесна 303“.

- Тоа е вистинско чудо. Станува збор за огромна дивина, изјави командантот на колумбиските воздухопловни сили Хектор Караскал.

Мајката и детето, кои се здобиле само со полесни повреди, со хеликоптер биле пренесени во болница.

Тамошните органи се уште не ја знаат причината за авионската трагедија која се случи во саботата. 

 

 

Оцени ја веста

25.06.2015 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега