Крадците не мируваат - ограбено основно училиште во Скопје

Крадците не мируваат. Ограбено е уште едно основно училиште во Скопје.

Се работи за училиштето „Наум Наумовски Борче“ од Скопје каде непознат сторител со употреба на погоден предмет извршил тешка кражба.

Крадецот одзел седум монитори за компјутери, а со тоа направил штета од околу 95.296 денари.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

најчитано сега