Полицијата во инспекција на ноќниот живот во Охрид

Охридската полиција викендов се занимавала со малолетници и пијани возачи. Од МВР информираат дека биле откриени тројца возачи под дејство на алкохол, кои веднаш биле исклучени од сообраќај и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Екипи на СВР Охрид за време на викендот извршиле контроли во сите ноќни клубови, кафулиња и ресторани во градот, при што биле откриени малолетници кои по полноќ се забавувале во кафе барот „Шила“.

Од полицијата информираат дека биле регистрирани и неколку прекршоци по законот за јавна чистота во Охрид и Пештани.

најчитано сега