Умерен земјотрес регистриран во источна Турција
Земјотрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран синоќа во источниот турски округ Ван, соопшти и истанбулската сеиозмолошка опсерваторија Кандили.
Епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од градот Ван во регионот на селото Молакасам.
Земјотресот е регистриран во еден часот по полноќ, а се случил на длабочина од пет километри. Неколку минути по него следувал вторичен потрес со интензитет од 3,2 степени.
Нема информации за евентуални ранети или за причинета материјална штета.
Оцени ја веста
24.06.2015 - 10:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа