Босна на нозе - протести за Законот за единствен матичен број

Денеска стотина граѓани се собраа пред Парламентот на Босна и Херцеговина со цел да го изразат своето незадоволство од „неработењето на домашните политичари“.

Под слоганот „Отказ 01.07“ граѓаните протестираат поради неусвојувањето на Законот за Единствен матичен број на граѓаните (ЕМБГ) на ниво на државата, бидејќи на масовните протести на 11 јуни граѓаните им дадоа рок на одговорните до 30 јуни да го усвојат законот.

„Сите нивни години се неработни“, „Отказ!“, „ЕМБГ“, „Отказ 01.07“ се дел од транспарентите со кои граѓаните им упатуваат порака на политичарите дека им е доста од неработење.

ФОТО: Макфакс