Камион излета од патот Велес-Скопје - возачот загинал на лице место?

 

Товарно возило влекач Сканија со приколка со унгарски регистерски таблички излеталo од автопатот Скопје-Велес синоќа околу 1 часот и 40 минути. Возачот на камионот изгубил контрола над возилото, излетал од автопатот и се превртел во нискостеблеста шума кај населбата Дурутовец.

На тешко пристапниот терен каде се случила сообраќајната несреќа се наоѓаат јавен обвинител, екипи од СВР Велес и противпожарна единица.

Според неофицијалните информации, возачот го загубил животот. 

 

 

Оцени ја веста

24.06.2015 - 09:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега