Рекорден број на жени во австралиската Влада

Кевин Руд е новиот австралиски премиер, а истиот низ историјата ќе биде запаметен како човек кој што во својата Влада именувал рекорден број на жени. Тој минатата недела седна на местото премиер кое дотогаш го држеше Џулија Гилард, но по поразот од гласањето на избори ја загуби функцијата од Лабуристичката партија. 

- Се радувам дека оваа Влада има најмногу жени од сите досегашни влади во историјата на Австралија, рече Рид. 

Дури 11 жени има во кабинетот од вкупно 30 министри кај Руд. Претходно ваквата бројка изнесуваше девет. 

Во тимот на Рид влезе сенаторката од државата Викторија, Сасинта Колинс, која стана министер за психичко здравје и постари лица, Џули Колинс е именувана за министер за прашањата на жените и станбената политика, а Кетрин Кинг ќе раководи со Министерството за регионален развој и локална самоуправа. 

Премиерот изјави дека овие именувања се направени поради компетентноста на овие жени, а не заради феминизирање на тимот.

- Главна задача на кабинетот е да ја задржи силната економија, додаде тој.

најчитано сега