Заборавете на рецептите за во аптека - од денеска ви треба само вашиот матичен број

Од денеска граѓаните полесно ќе стигнуваат до потребните лекарства. Електронскиот рецепт го заменува хартиениот, како дел од интегрираниот здравствен информатички систем, информираат од Министерството за здравство.

Матичниот лекар лекот ќе го пропишува по електронски пат. Пациентот за да ја подигне терапијата во аптека не мора да има електронска здравствена картичка туку потребно е само да го каже матичниот број или бројот на здравственото осигурување внесен на здравствената легитимација. 

Според надлежните, на овој начин се добива многу помалку документација, а многу поголема евиденција за тоа што се случува во системот. Покрај институциите, прецизен увид ќе имаат и лекарите кои во секое време ќе знаат дали болниот го подигнал лекот што го пропишале. 

најчитано сега