Влегол преку тоалет и си заминал богат - уште еден скопјанец остана без богатство

Засега непознат натрапник, ја ограбил куќата на скопјанецот З.С. (54) на улицата „Румена Хаџипанзова“ во Скопје.

Како што информираат од полицијата, крадецот ја искинал заштитната мрежа од прозорецот во тоалетот, влегол внатре, ја пребарал куќата и си заминал со 3.300 евра и 60.000 денари.

Од МВР велат дека вкупната штета е проценета на околу 263.000 денари.

најчитано сега