Евакуирани 40.000 луѓе - по најголемата суша во последните 50 години стигнува разорен тајфун
Повеќе од 40.000 луѓе се евакуирани од кинескиот остров Хаинана, на југот од земјата, во очекување на доаѓањето на првиот годинашен тајфун кој би требало да го погоди островот во понеделник вечерта објавуваат државните медиуми.
Се очекува тајфунот Кујир да мине преку островот Парацел во Јужното кинеско море пред да го погоди копното меѓу Ванинг на Хаинану и Зханјинг во соседната покраина Гуангдонг, носејќи силен ветер и обилен дожд, наведе кинеската агенција Хинхуа.
Населението е евакуирано а во текот на деновите најавени се и затворање нашколите во градот. Се очекува силината на тајфунот постепено да паѓа откако ќе стигне до копното.
Кинеските медиуми навестуваат дека овој тајфун би требало да помогне да се ублажи тешката ситуација на островот кој е погоден со најтешката суша во последните 50 години.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа