ВИДЕО: Киев во шок - висок украински генерал мина на страната на Република Доњецк
„Не можам со скрстени раце да гледам што веќе долги години со ред прави злосторничката власт во Киев“, вели генералот Александар Коломијец, поранешен помошник на министерот за одбрана на Украина.
Генералот Александар мина на страната на самопрогласената Република Доњецк, поради политиката на злосторничката власт во Киев. Генарлот Коломијец изјави пред камерите дека од почетокот на војнатаво Донбас на страната на DNR преминале стотина војници и офицери од Вооружените сили на Украина, кои сега ја чуваат границата на самопрогласената република.
„Кога антитерористичката операција почна, луѓето масовно почнаа да минуваат на страната на DNR, за да ги заштита своите домови и семејства... Повеќето од нив кои минаа на страната на DNR се од Донбас...Тие офицери сега со оружје во рацете ги штитат своите семејства и домови“, изјави Коломијец на брифинг. Народот на Донбас бараше само едно: Дајте ни го руските јазик, дајте федерализација во составот на Украина. И што, затоа беше неопходно да се испрати војска и со цело оружје да се гаѓаа градовите, селата и да се убиваат луѓето?, вели тој.
„Злосторничката власт во Киев испрати против народот во Донбас незаконски формации. Веќе со години вршат уништување на градовите и убивање на луѓето. Како човек, не гледам на тоа од дистанца. Употребата на вооружените сили на Украина е кршење на Уставот. Со мене се офицерите кои не сакаа да ги исполнуваат злосторничките наредби. Им се обраќам на генералите офицерите и украинските вооружени сили: Не претварајте се во џелати, затоа што злочините не застаруваат“, изјавил Коломијец.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа