Тетовчанец си шетал со дечињата - останал без палец
Тетовчанец синоќа преживеал вистински хорор. 43-годишниот В.З од Тетово останал без палецот на левата рака и бил повеќе пати искасан по рацете отакако вчера околу 15 часот бил нападнат од куче од расата „Кангал“ на улицата „146“, во месноста „Горни арабат“ додека се движел со своите деца кон семејната куќа. Според податоците на МИА, наеднаш врз него се нафрлило кучето и му нанело повеќе рани на рацете, а целосно му го одгризало и палецот на левата дланката. Повредениот веднаш бил пренесен во тетовската клиничка болница каде му биле извршени неколку хируршки зафати на рацете по што бил задржан за натамошно лекување.
Полицијата извршила увид на местото на кое се случил нападот. Се преземаат активности за расветлување за тоа како се случил настанот и кој е сопственик на кучето.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа