Четворица повредени во судар на две возила
Во сообраќајна несреќа која утринава се случила на влезот кај Умк од правец од Белград, повредени се четири лица, изјавила портпаролката на Итната помош Нада Мацура. Несреќата се случила утринава околу осум часот, а сите повредени се згрижени во Ургентниот центар.
Возачот на 42 годишна возраст се здобил со потрес на мозокот, повреден му е градниот кош, изгубил свест, а восвесна состојба е пренесен во Ургентниот центар, додека маж стар околу 68 години, кој во возилото бил на совозачкото место, се здобил со повреди на градниот кош.
Возачот на другиот автомобил на возраст од околу 60 години, го истегнал вратот и го повредил слабинскиот дел од грбот, додека уште едно лица на возраст околу 26 години се здобил со тапа повреда на главата, слабинскиот дел на грбот и левата потколеница.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа