Кејти Холмс слави годишнина од разводот со Том Круз

Холивудската актерка Кејти Холмс се реши да направи нешто невообичаено а тоа е да по една година ја прослави разделбата односно разводот со нејзиниот сега веќе поранешен маж Том Круз. Журката Кејти ја направи во хотелот „Џејн“ во Менхетен. Таа се одлучи на забавата да ги повика сите оние кои и дале поддршка за време на бракоразводната постапка. 

Круз и Кејт заедно во брак поминаа шест години, а по нивната разфелба актерката целосно се фокусираше на работата, додека Том наводно се обидувал да ја врати но безуспешно. Иако неодамна се ширеа гласини дека 34-годишната глумица е во врска со колегата Лук Кирби, сепак нејзини блиски тврдат дека се уште не е подготвена за нова врска.

Извор близок на Холмс откри дека „Кејт нема намера повторно да почне да се забавува“. - Моментно тоа не и треба. Дури и е сега најважна, додава тој.

најчитано сега