Демострации пред Маракана - финалето било под знак прашалник
Пред почетокот на финалето на Купот на КОнфедерации меѓу Бразил и Шпанија илјадници бразилски демонстранти излегоа пред стадионот Маракана за да го изразат своето незадоволство за милијардите долари потрошени од страна на владата за организација на Мундијалот кој што треба да се игра наредната година во оваа земја. Демонстратните бараат наместо парите да се вложат во инфраструктурата истите да се потрошат за подобрување на социјалната и економската состојба на граѓаните. Собирот резултираше и со мали инциденти и судири со полицијата, која сепак на крајот успеа да ги задржи демонстрантите да не ја пробијат безбедносната зона околу стадионот.
Бразилската претседателка Дилма Русеф одлучи да не присуствува на финалната средба, а нејзиниот пример го следеа и други владини претставници.
- Луѓето се гневни на Конгресот, гневни се поради ужасните услови во болниците и во училиштата, изјави Тања Нобрера, 56 годишен психолог, која учестуваше во протестите во близина на Маракана.
- Тие сепак не ја сакаат главата на Дилма. Преку глава им е од се и не само од владејачката Партијата на трудот, туку од сите партии, додаде таа.