Ова се 10те најдобри доктори во Македонија

Станува збор за најдобро рангираните 100 доктори за месец февруари, од универзитетските клиники, специјални, клинички и општи болници во државата, кои со покажаните резултати во работењето претставуваат движечка сила во своите институции и се успешни професионалци, кои секојдневно, со својот ангажман, посветено придонесуваат за обезбедување што подобри и поквалитетни здравствени услуги за пациентите и воопшто за унапредување на здравствениот систем во РМ.
Сите овие наградени доктори стануваат дел од „Клуб 100-најдобри доктори“, добиваат парична награда од 30.000 денари и истовремено имаат право на вршење дополнителна дејност во матичната институција каде работат, како и во останатите јавни здравствени установи.
Изборот е направен според воспоставени критериуми, како што се остварениот учинок во месец февруари, бројот на извршени интервенции, типот на извршени интервенции, реализирани обуки и слично.
Првите 10 најдоброрангирани доктори-специјалисти, согласно критериумите од проектот за плаќање по успешност се следниве:
- Д-р Гордана Оранска-Универзитетска клиника по хируршки болести "Св. Наум Охридски"
- Проф д-р Владимир Поповски - ЈЗУ УК за максилофацијална хирургија
- Д-р Игор Пеев- УК за пластична и реконструктивна хирургија
- Д-р Емилија Влашки - ЈЗУ УК за детски болести
- Слободан Дамјановски - ЈЗУ УК за нврохирургија
- Д-р Билјана Кузмановска- ЈЗУ УК за ТОАРИЛУЦ
- Д-р Магадалена Генадиева Димитрова-ЈЗУ УК за Гастроентерохепатологија
- Д-р Сузана Николовска - ЈЗУ УК за дерматовенерологија
- Д-р Јасмин Циривири- Градска општа болница 8-ми Септември
- Д-р Сашо Ценов- ЈЗУ Клиничка болница Штип