Тијана Ајфон заврши на токсикологија
Учесничката во шоуто „Парови“ Тијана Ајфон на журката толку се опи што организаторите мораа да ја изнесат од вилата за да ја однеста на трезнење.
Иако во повеќе наврати и самата Тијана призна дека сака алкохол и дека не се сеќава на половина од работите кои ги зборувала минатата вечер, ова ги помина сите мерки. Освен што не знаеше за себе и целосно зашеметена се тетеравеше низ вилата, сите учесници, организаторите и челниците на „Хепи“ се исплашиле за нејзиното здравје. Тијана таа ноќ со часови пиела шприцер кој го мешала со коњак и така се довела себеси во бесвесна состојба.
- Толку се опив што мораа да ме носат на токсикологија, им објаснуваше старлетата на оние кои ја испуштија таа глетка.
Без разлика на стресот кој им го приреди на сите и што го доведе своето здравје во прашање, таа нема да биде казнета, но е строго опомената од продукцијата да води сметка колку пие и да не ги меша пијачките.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа