Најмалку осум полицајци загинаа во исламистички напад врз станица во Сомалија

 

Исламистичката група „Аш Шабаб“, која се закани со напади за време на Рамазан, нападна полициска станица во сомалискиот град Афгој, на 30 километри од Могадишу, при што загинаа осум полицајци, јави полицискиот портпарол Абдикадир Хусеин, пренесува ТАСС. 

Според Хусеин полицијата ликвидирала десет напаѓачи. „Аш Шабаб“ тврди дека во нападот се убиени 12 претставниците на безбедносните сили. 

Сомалиските безбедносни сили неделава спречија терористички напад врз учесниците на регионална конференција. Во акцијата беа убиени тројца вооружени напаѓачи и автомобил бомба. 

Радикалите од „Аш Шабаба“, група формирана во Сомалија во 2004 година, редовно вршат терористички напади од 2008 година, најчество со бомбаши самоубијци или автомобил бомби. Групата е финансирана од Ал Каеда и сомалиски бизнисмени. Освен тоа, групата собира даноци во контролираните територии каде има воспоставено вахабистички режим, базиран на шеријатски норми. 

Групата е одговорна и за серија напади во други држави, што ги поддржуваат сомалиските власти во борбата со исламистичкиот екстремизам.

 

 

Оцени ја веста

20.06.2015 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега