Митевски: Македонска Каменица да стане општина со европски карактеристики

Македонска Каменица успеавме да ја извадиме од анонимнсот и да ја направиме лидер во регионот по реализирани проекти и денес сме целосно насочени градот да прерасне во модел на општина со европски карактеристики.

Ова го истакна градоначалникот на Општина Македонска Каменица Дарко Митевски на прес-конференција во седиштетот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. 

- Уште од првиот ден од вториот мандат почнавме да работиме посветено и одговорно на реализација на програмата, а тоа го потврдуваат и проектите на кои што работевме во изминатите три месеци, истакна Митевски.

Напомена дека  пуштен е во функција  новоизградениот градски пазар на површина од 2.500 метри квадратни, работат на реализација на Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици, потоа на реконструкција на Градската секундарна водоводна мрежа, која ќе го реши проблемот со снабдување вода за пиење, а е во вредност од 330.000 евра...

Тој додаде дека приоритетен проект за општина Македонска Каменица е изградба на индустриска зона, за што е подготвена проектната документација и чека на одобрување во Министерството за транспорт и врски за одобрување.

најчитано сега