Никна нов парк кај Цветен пазар во Центар

Во општина Центар денеска е отворен парк кај Цветен Пазар, на површина од 2.000 метри квадратни, а под зелена површина се 1.350 метри  квадратни.

- Овој парк има 4 алпиниуми со 2 цедруса и две магнолии Паркот  ќе се наводнува со современ автоматски систем за полевање кој е составен од 45 подземни прскалки. За хортикултурно уредување ќе се потрошат 500.000 денари, а за автоматското полевање 270.000 денари, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Следни за гасификација се ОУ „Гоце Делчев“ и една градинка.

најчитано сега