Пет лица загинаа при уривање на балкон во Калифорнија

 

Пет лица загинаа, а осуммина се повредени, од кои некои мошне тешко, кога се урна балон на четвртиот кат, на една станбена зграда во Калифорнија.

Полицијата во оваа американска сојузна држава соопшти дека тешкиот инцидент се случил во Беркли, во еден часот после полноќ, по локално време.
 
Во соопштението се вели дека полицијата стигнала на местото на инцидентот, наишла на  целосно разурнат балкон и на телата на загинатите и ранетите.
 
Засега не е јасно што се случувало и што го предизвикало уривањето на балконот.
 
Полицијата и здравствените власти стравуваат дека бројот на жртвите може да биде многу поголем, затоа што некои од ранетите се наоѓаат во животна опасност.
 
Идентитетот на загинатите и повредените не е познат, освен што се разбра дека меѓу  жртвите има млади ирски државјани.
 
Министерството за надворешни работи на Ирска во Даблин веќе потврди дека има  загинати неколкумина Ирци.
 
-Единствено што засега знаеме е дека има млади Ирци меѓу жртвите во овој тежок инцидент, но не знаеме што ја предизвикало несреќета, изјави за американските медиуми шефот на ирската дипломатија Чарли Фланеган.
 

 

Оцени ја веста

16.06.2015 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега