Министерот одби на кралот Петар да му даде пари од државната каса за мажачка на ќерка му
За мажење на својата ќерка кралот Петар итно му биле потребни 200.000 динари. За помош се обратил на Лазо Пач тогашниот министер за финансии.
Периодот на владеење на кралот Петар и Караџорџевиќ се поврзува со граѓанските права и слободи, како и создавање на граѓанското друштво во Србија.
Малку е сепак познато дека овој крал живеел само од платата која за својата работа ја добивал од Владата.
Така се случило, да, за да ја омажи својата ќерка, на кралот Петар итмо му требале 200.000 динари. За помош се обратил на Лазо Пачу тогашниот министер за финансии. Кралот сакал потребната сума од државната каса да ја добие веднаш, а потоа месечно да му се одбива од плата. Овој предлог министерот го одбил.
„Не може! Умре кралот, не дај Боже, а смртен е како сите ние. Кој тогаш ќе го врати долгот од државната каса?! Се знае Лаза! Или, политичарите ќе го натераат кралот да абдицира. Кој ќе го плати долгот?! Пак Лаза“, вака министерот ја образложувал својата одлука.
Господин Лаза го советувал кралот да подигне кредит во банка, затоа што Владата на една држава не е да исполнува желби на владетелот. Приказната вели дека кралот Петар не го наљутил, туку парите навистина ги зел од банка. Лаза пак му понудил да биде жирант.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа