Стотици скриени џинови: Тајната на забранетите кинески пирамиди

 

Нешанл џеографик - Вашингтон

Додека целиот свет се воодушевува на египетските пирамиди, на другиот крај на светот се издигнуваат слични градби, но тие не се гордост на земјите на чија територија се наоѓаат.

Во 1945 година, еден Американец фотографирал една кинеска пирамида, но овој доказ за нивното постоење бил криен во воените досиеја во идните 45 години. Покрај тоа, многу американски пилоти тврделе дека додека ги надлетувале кинеските прекрасни предели, забележале многу вакви зданија.

Можеби најпознат од нив е Џејмс Госман, кој летајќи меѓу Индија и Кина во текот на Втората светска војна, открил огромна пирамида од бел камен. До денес, кинеските пирамиди останаа речиси непознати.

Властите на оваа земја долго негираа постоење на мистериозни градби, но многу очевидци истакнале дека со сопствени очи во провинцијата Шанси виделе стотици импозантни градби, од кои најголема е Белата пирамида (можеби токму таа за која Госман тврдел дека ја видел), дури дватапати поголема од познатата Кеопсова пирамида. Исто така, многу сателитски снимки го потврдија нивното постоење.

По 50 години откако се појавила првата фотографија, кинеските власти му дозволија на еден странец да стапне на ова тло, но заедно со кинески археолози. Имено, германскиот истражувач Хартвиг Хаусдорф уживал во природата на Шанси и се обидел да ги открие тајните на овој предел, кои подоцна ги обелоденил во книгата „Бела пирамида“, објавена во 1994 година.

Тој тогаш фотографирал шест интересни и древни градби и го забележал во своја анализа она што го видел во Шанси, но на 18-минутната снимка што тогаш настанала, можеле да се видат повеќе од сто пирамиди.

Хаусдорф истакнал дека многу пирамиди се простираат во насока север-југ, дека некои од нив се руинирани, но најверојатно уште долго нема да имаме можност да откриеме дали тоа е навистина така.

Според некои извори, кинеските власти сметаат дека истражувањето на овие пирамиди е нешто со кое треба да се бават идните генерации.

Додека тоа конечно се случи, тие ќе останат скриени под густите шуми, кои се се повисоки и кои за некоја година или деценија целосно ќе ја покријат површината на овие сведоци на мистериозното и славно минато.

 

 

Оцени ја веста

16.06.2015 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега