Се огласи и Гранд продукцијата - зошто си замина Зорица?
Отвореното писмо на Зорица Брунцлик, за нејзиното напуштање на музичкиот натпревар Ѕвездите на Гранд, поттикна голем број на шпекулации, па затоа се огласи и продукцијата.
„Обидот на Зорица да го омаловажи натпреварувањето во кое и самата учествуваше и кое повеќе од една деценија има беспрекорна репутација, ќе стане појасен откако ќе се прочита комплетната СМС порака, која Зорица пред неколку дена ја испрати на директорот на Гранд продукцијата Саша Поповиќ, а која целосно е спротивна од она што таа јавно го наведува како причина за своето заминување. По принципот ако козата лаже, рогот не лаже, еве ја пораката која може да ја имате и на увид, а која Зорица ја испрати на Саша Поповиќ: „Е сега ова е нашата одлука..и се надеваме дека ќе не разбереш и дека ништо нема да се смени помеѓу нас (ако ти тоа го сакаш – секако). Од овој миг Зорица повеќе не е член на жирито се додека оди на ТВ Прва..И се што треба за Гранд телевизијата и за тебе лично ние сме тука 24 часа…Ти благодариме за се што лично си сторил за нас…Те сакаме и те почитуваме. Твоите Зорица и Кемиш“, пишуваше во пораката.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа