Заев: Против мене е цела држава
Против мене е цела држава, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев во своето синоќешно гостување во емисијата „360“ степени, која се емитуваше на Алсат-М телевизија.
Кога непромислените изјави се во прашање, тоа не е ништо ново барем кога станува збор за првиот човек на опозицијата. Имено, тој во гостувањето на Алсат-М во еден момент рече дека против него била целата држава, за потоа да сфати што кажа и се поправи дека мислел на државните институции.
Заев при гостувањето во емисијата воедно признава дека според рејтинзите и анкетите, владејачката ВМРО-ДПМНЕ води пред опозициската СДСМ. Според Заев, премиерот Груевски и ВМРО-ДППМНЕ имале поголема поддршка меѓу граѓаните, односно дека Груевски високо опстојувал на анкетите и неговата поддршка не опаѓала.
Заев јавно запраша зошто поддршката за Груевски не опаѓала, уште еднаш потврдувајќи дека самиот е свесен дека таканаречените бомби и деструктивното сценарио кое го спроведува дефинитивно не наидува на поддршка кај мнозинството граѓани.
Според експертите, токму ова е главната причина Заев да бега од избори и да игра на карта за рушење на преговорите, бидејќи да се плаши да се соочи со народната волја која очигледно и нему му е добро позната.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа