Го запознала Кристијан на Фејсбук- не можела да издржи па се самоубила
Тинејџерка се фрлила под воз откако била силувана од маж кој го запознала на Facebook, во Полска.
Како што пишуваат странските медиуми, 14-годишната девојка, Анаид Тутхушан, скокнала под воз, откако била силувана од 25-годишниот Кристијан В., кој таа го запознала на Facebook.
Двајцата се допишувале подолго време, па тој ја наговорил да се видат. Малолетничката наседнала на тоа, излегла со него, а тој ја силувал. Анаид се вратила дома плачејќи, а нареден ден се одлучила да си го одземе животот.
Очевидци кој чекале воз, ја забележале девојката како седи и плаче 20 минути, а потоа наеднаш станала и се фрлила пред експресниот воз.
Напаѓачот е познат на полицијата, тој до сега веќе бил пријавуван за исто дело.
Нејзините родители на погребот дознале дека нивната ќерка си го одзела животот, бидејќи била силувана.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа