Седници на четири собраниски комисии
Четири комисиски седници се закажани денеска во Собранието на РМ. Комисијата за одбрана и безбедност ќе расправа за Предлог-закон за дополнување на Законот за управување со кризи во второ читање.
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на дневен ред го има Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на земјоделските производи во прво читање.
На дневен ред на собраниската Комисија за труд и социјална политика се Предлог на закон за дополнување на Законот за социјалната заштита и Предлог-закон за дополнување на Законот за семејството, двата во второ читање.
Собраниската Комисија за култура ќе го разгледува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство во второ читање.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа