„Тешко сум ранет, погледни“- бизарна шега на едно момче

На времето момчињата се обидуваа да ги фасцинираат девојките со поезија и херојски дела, а денес тоа го прават со лажирање на вооружен напад и наводен обид за убиство, пренесува српски Курир. 

Така еден 15-годишен ученик од осмо одделение во основно училиште во населбата Врачар во Белград, на девојката и испратил фотомонтажа на која изгледа како некој да пукал во него. Оваа несолена шега направи вистински хаос и ја крена на нозе целата полиција, пишува порталот.

-За да ја фасцинира девојката, момчето излажало дека некој се обидел да го убие. Тој всушност на фотографија од ранет човек ја монтирал со фото-шоп неговата глава и потоа и ја испратил монтираната слика на девојката, која останала во шок. Таа веднаш ја известила мајка му и тогаш настанал хаос. Покрај полицијата, алармиран е и Ургентниот центар, а се вклучил и министерот за здравство на Србија Златибор Лончар. На крајот излегло дека момчето само сакало да привлече внимание, вели за "Курир" извор запознаен со овој бизарен настан.

Изворот додава дека тоа се случило за време на хуманитарен турнир кој учениците од училиштето во Врачар го организирале за да соберат пари за лекување на едно лице, па паниката станала уште поголема оти фотографијата бргу се проширила.

Шефот на кабинетот на министерот за полиција Небојша Стефановиќ вели дека ваквите работи се доживуваат сериозно.

-Ги ангажиравме полициските службеници во истиот миг, потрошивме народни пари и време за една детска шега. Мора да работиме со децата и низ разговор да ги бараме причините за ваквото однесување. Шегата што ни ја намести ученикот повеќе не смее да се повтори, вели шефот на кабинетот.

Командирот на полицијата во Врачар вели дека бил во близина на училиштето кога е известен за наводниот настан.

-Тоа не се случило, реков децидно кога ми се јави шефот на кабинетот на министерот за полиција. Сепак, полицијата се крена на нозе. Наша задача е да се грижиме за секое дете, вели тој.

Психолозите толкуваат дека во идејата за оваа шега се крие некаква патологија. Тие сметаат дека момчето преку друштвените мрежи видело такво нешти и си помислило дека е интересно и дека би можел и тој да го стори истото. Според психолозите, потребно е да посети стручно лице и да се провери дали е потребен пообемен третман

 

 

Оцени ја веста

15.06.2015 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега