Петровец добива канализациска мрежа

 

Денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески ја посети општината Петровец каде започна за прв пат да се гради канализација.

Министерот Јанакиески посочи дека досега немало канализација во Петровец, се работи за канализационен систем од два и пол километри.

- Ова е прв зафат за изградба на канализација во општината Пертовец, досега немало канализација во Петровец, се работи за канализационен систем од две и пол километри, примарна и секундарна мрежа, инвестиција приближно околу 250 илјади евра, а овој систем ќе го користат околу 1200 жители на Петровец. Ова е дел од програмата на градоначалникот на општина Петровец, кој Владата го поддржува, изјави Јанакиески.

Исто така и градоначалникот Митевски потенцираше дека ова е остварување на едно од неговите предизборни ветувања.

-Како што кажа министерот Јанакиески, прв пат во општина Петровец, односно населеното место Петровец, започнавме со поставување на фекална канализација, Вкупната должина е околу 2 илјади и 500 метри, опфаќа некаде 30 отсто од населеното место на Петровец. Ова е едно од моите предизборни ветувања. По завршувањето на првата фаза, веќе аплициравме за изградба на втората фаза, која ќе го опфати населеното место Аражаничино и дел од Пертовец, а исто така во тек сме на распишување на тендер за изградба на третата фаза, која ќе го опфати влезот на Петровец до центарот на општината, рече Митевски.

ФОТО: Влада

најчитано сега