Груевски во посета на охридско–струшкиот регион

 

Премиерот Никола Груевски ќе оствари посета на охридско – струшкиот регион.

Според најавите од Владата, Груевски ќе присуствува на пуштање во употреба на спортска сала Основно училиште „Страшо Пинџур“ во општина Вевчани.

Подоцна ќе го посети објектот на реконструираното Основно училиште „Мурат Лабуништи“ во село Боровец, општина Струга, а ќе присуствува и на пуштање во употреба на повеќенаменско игралиште во село Лабуниште.

Посетата на охридско – струшкиот регион, премиерот ќе ја заврпи со пуштање во употреба на водоводен систем во село Елшани и реконструиран локален пат Елешец – Елшани, во општина Охрид. 

 

 

Оцени ја веста

14.06.2015 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега