ОМД: Советот на Европа да се справи со Златна Зора
Обединетата македонска дијаспора го поздрави извештајот на Советот на Европа и побара од неа да се справи со Златна Зора.
Советот на Европа бара грчките власти да дадат пример со тоа што ќе ги осудат остро сите чинови на насилство и ширење говор на омраза кои што доаѓаат од Златна Зора.
- ОМД целосно го поддржува повикот на комесарот Муижниекс за грчката Влада да почне иницијатива за борба против расизмот и екстремизмот во сите делови на општеството, како и неговата изјава дека мора да се обрне внимание на опасноста од нетолеранцијата и расизмот и да се засили образованието за човекови права во училиштата. ОМД потсетува дека македонското малцинство во Грција се соочувало со репресија, вклучително мачење, и пострашно, од претходниците на Златна Зора кои беа на власт во Грција во времето на дикататурите пред и по Втората светска војна. Со вртењето на вниманието на светот кон активностите кои Златна Зора ги врши или поддржува, ОМД бара од Советот на Европа ефикасно и брзо да ги сузбие ваквите организации и политички партии, пишува во соопштението на ОМД.
Се бара Грција да го усвои предлог законот од 2011 година за борба против расизмот и ксенофобијата.