Позната пејачка сака да ги чува децата на Бред Пит и Анџелина Џоли
Сексипилната пејачка Бритни Спирс, сака да им биде бебиситерка на децата на Бред Пит и Анџелина Џоли.
„Го запознав Бред Пит, а сакам да го запознам и цело негово семејство. Би им била дадилка на неговите деца“, окри пејачката.
Бритни, во интервју за британска телевизија, откри дека нејзина работа од соништата е да подучува деца.
„Сакам да бидам учителка или било што има врска со подучување на деца. Можеби ќе имам студио за танц за деца“, изјави пејачката.
Бритни има два сина, девет годишниот Сеан Престон и осум годишниот Џајден Џејмс.
Оцени ја веста
13.06.2015 - 11:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа