Премиерот Груевски ќе отвори игралиште во Новаци

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе оствари посета на битолско – ресенскиот регион.

Согласно агендата на настани, премиерот ќе присуствува на пуштање во употреба на повеќенаменско игралиште, во општина Новаци.

Груеваки ќе го посети објектот на реконструираното Основно училиште „Коле Канински“, во општина Битола, а ќе изврши увид во градежни активности за изградба на спомен – куќата на Татарчеви, во општина Ресен.

 

 

Оцени ја веста

13.06.2015 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега