Драган до гуша во проблеми: Станарката му должи 11.500 евра, и ништо не и може
Кога Драган Николиќод Белград и неговата ќерка Јелена во 2007 година издале стан од 50 квадрати на Баново брдо, никогаш немало да им текне дека станарите ќе им направат ужасни проблеми, кои ни до ден денес не можат да ги решат.
Станарката веќе неколку години не плаќа ќирија, ги натрупала сметките за струја, вкупно таа им должи околу 800.000 динари, а успеала дури и да го промени матичниот број на сопственикот на станот. Поради тоа НИколиќ ја тужеше, но додека не се донесе правосилна пресуда, никој не може да ја исфрли од станот.
- Очајни сме, повеќе не знаеме што да правиме, и како да излелземе на крај со неа, отидов да ги проверам сметките за струја, долгот беше 843.000 динари, па струјата ја исклучиле поради не плаќање, а таа успеала сама да направи договор за како повторно да и ја уклучат струјата, а познато е тоа дека само сопствениците можат да го направат. Кога отидовме и писмено побаравме струјата повторно да се исклучи, бидејќи милсевме дека така ќе ја избркаме, од електродистрибуција не го прифатија нашето барање, вели Николиќ
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа