Криеле дека другарот им се удави во реката- кобен крај на учебната година за 10-годишно момче

Другарите на малиот Ѓорѓе Пантиќ, кој се удавил во Дунав во четвртокот, криеле за неговата смрт, пренесува српскиот портал Blic.rs.

Како што соопштуваат, децата попладнето после капење си заминале дома, но никој на родителите не кажал дека Ѓорѓе исчезнал, па по инсистирање, тие признале дека вирот го повлече телото на момчето.

По завршувањето на учебната година, Ѓорѓе сакал да прослави заедно со другарите, па заминале да се капат во Дунав. За жал Ѓорѓе не се вратил, бидејќи водата го повлекла, а според неофицијални извори тој не знаел да плива.

Мајката на десетгодишното дете, бидејќи не се вратил дома, повикала полиција, а по неколку часа трагање телото е пронајдено.

На извлекувањето на телото од реката присуствувал и мајката за да го идентификува.

„Имав пет синови и пет ќерки, сега останав без едно дете!“, изјави неутешната мајка покрај синот покриен со чаршав.

 

 

Оцени ја веста

13.06.2015 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега