По кавгата и пукаше на девојката во чело па си пресуди самиот
Цел град ја оплакува трагичната смрт на двајцата млади нивни сограѓани од Будва, дваесетгодишниот Милош Митровиќ и две години помладата Јована Тодоровиќ. Во средата вечерта два часа пред полноќ Милош го повлече чкрапалото на пиштолот и пукаше во Јована во чело, а потоа си пресуди себе си пукајќи во слепоочницата.
Трагедијата се случила во паркот Милочерски, а кои се мотивите на овој кобен настан ќе останат вечна мистерија.
Она што во четвртокот се зборуваше во населбата било тоа дека Милош и Јована биле во врска пред трагедијата, а наводно дошло до расправија за потоа да се договорат повторно да се видат и да ги решат недоразбирањата.
Кога се слушнале пукотниците веднаш се собрале луѓе од околината случајни минувачи и обезбедувањето од хотелскиот комплекс „Милочер – свети Стефан“, но само ја затекнале страшната слика на изгубените два млади животи.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа