Папата го чекаше Путин дури 70 минути

 

Претседателот на Русија Владимир Путин по втор пат доцнеше на средбата со поглаварот на Католичката црква папата Фрањо. Средбата требаше да почне во 17 часот, но поради телефонските разговори со премиерот и претседателот на Италија, како и поради гужвата на улиците низ Милано и Рим. Путин во папската библиотека стигна со големо доцнење од дури 70 минути.

 

За време на првата средба со Папата Фрањо, Путин задоцни 50 минути што беше шок за многумина, но во средата првиот човек на Кремељ покажа дека и понатаму може да ги соборува рекордите барем кога се во прашања доцнењата.

 

 

Оцени ја веста

12.06.2015 - 19:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега