Шимоњак верува дека Македонија ќе добие членство во НАТО во Варшава

Вицепремиерот и министер за одбрана на Полска Томаш Шимоњак, смета дека би било добро Македонија и Црна Гора да добијат покана за членство во НАТО на следниот Самит што во 2016 година ќе се одржи во Варшава

- Би сакал да истакнам дека претседателот штотуку ја најави отвореноста на Самитот во Варшава за нови членки и за нашите досегашни партнери. Верувам дека би била одлична вест доколку би можело да се испрати покана до Македонија и Црна Гора токму од Варшава, рече Шимоњак во говорот на Форумот во Вроцлав.

Тој посочи дека македонскиот министер за одбрана Зоран Јолевски, во својот говор на форумот добро ги изразил македонските аспирации за членство во НАТО и ЕУ.

- Од позиција на министер за одбрана, можам да кажам дека Македонија е најдобро тестираниот партнер на НАТО. Без ангажманот на Македонија толку многу години, немаше да можеме да ја имаме мисијата на Косово. Сметам дека тоа е само една од многуте причини заради кои треба да имаме специјална перспектива кон Македонија и сигурен сум дека ќе поработиме на тоа, нагласи Шимоњак.

 

 

Оцени ја веста

12.06.2015 - 18:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега