Станковски: СДСМ покажа дека не е спремен ни за преговори, сака власт без избори
Опозицијата не сака избори. Тие сакаат да дојдат на власт без избори. Тоа е уште една веројатно махинација на големите играчи, кои од сенка ги диригираат сите тие игри.
Ова, на вчерашната дискусија го истакна колумнистот Ацо Станковски од кампот на „Чуварите на демократијата“.
Целата состојба во земјата, според Станковски, е доведена во една парадоксална ситуација.
-Не сакаат избори, сакаат власт и узурпираат јавни простори и на симболички и на конкретен начин. Тоа е недозволиво. Најновите случувања во Брисел, покажаа дека тие не се спремни ни за преговори, ни за било каков тип на наоѓање на еден заеднички именител, пред се за Македонија во однос на ЕУ и НАТО.
Додаде дека СДСМ нема идеја што да прави со својата позиција.
-Имаат само гола волја за власт и толку, но тоа никако не може да пројде, зошто народот сака да види проекти, визија и активна коегзистенција и комуникација помеѓу владејачката елита и народот, а тоа од нивна страна го нема.
СДСМ, вели Станковски, не можеше да препознае дека меѓународниот фактор, во случајов ЕУ, преку комесарот Хан, всушност беше на нивен бенефит. -Кога преговараа они не понудија ништо и нема што да понудат, но владејачката гарнитура понуди две години од својот мандат, издејствува оставка на министри, дури и се сложи на нови избори... Минатите избори ВМРО-ДПМНЕ победи со 200 илјади разлика, мислам дека сега кога би имало избори, или дури за 1 година, разликата би била можеби дуплирана
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа