Полицијата распишала потерница- со бегалецот се допишувале на Facebook

Британската полиција објавила на Facebook дека го бара дваесетгодишникот Даниел Би и ги прашала граѓаните дали го виделе.

Не очекувале, но лично Би му пишал на Facebook.

„Секако дека го видов, седи овде со пиво“, објави бегалецот.

Полицијата на тоа искоментира:

„Имаме кекси кој добро ќе дојдат со тоа пиво, зошто не дојдеш до полициската станица да се послужиш?“

Даниел додал:

„Со задоволство ќе дојдам ако така ти е полесно :) “

Би е баран поради кршење на забрана за пристап, а како што јавуваат, полицијата веќе го уапсила.

 

 

Оцени ја веста

12.06.2015 - 16:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега