Карпош прва општина со регистар на станбени згради и управители

Карпош е првата македонска општина со регистар на станбени згради и регистар на управители на станбени згради. Регистарот денеска свечено беше презентиран пред 14-те претседатели на урбаните и месните заедници на територија на општина Карпош.

На почетокот на април годинава „Хабитат Македонија“ и општина Карпош започнаа со собирање податоци за регистар на станбени згради и регистар на управители, како и податоци за основните градежни и енергетски карактеристики на станбениот фонд во општината.

Оваа комплексна активност се спроведе во рамките на проектот на УСАИД и „Хабитат Македонија“ за енергетска ефикасност за секторот домување, каде општина Карпош е една од трите пилот-општини во кои се спроведува и е првата во која активностите успешно завршија.

Посебен акцент на проектот е ставен на унапредување на квалитетот на домување во колективни станбени згради. 

 

 

Оцени ја веста

12.06.2015 - 15:58
Фото: 
Вечер

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега