Први на Балканот: Од есен најверојатно ќе ја употребува кубанската вакцина против рак

Делегација на српското Министерство за здравство вчера се врати од Куба каде, според сознанија на весникот „Вечерње новости“, биле договорени сите детали за соработка меѓу двете земји за дистрибуција на кубанската вакцина против рак во Србија.

Треба уште да се дефинира и потпише меѓудржавен договор со кој Србија  ќе има право да ја пушти во употреба вакцината за која во последните години се зборува во светот како за голем пробив во борбата против канцер.

Планирано е се да заврши во текот на летото, па реално е примената на вакцината да започне во септември.

Кубанскиот лек „CimaVax EGF“ е терапија која се применува во поодмината фаза од рак на белите дробови. Искуствата покажуваат дека овој препарат ја спречува прогресијата на болеста, го продолжува животот на пациентот, или го доведува организмот во состојба да функционира како да станува збор за хронично заболување со кое може да се живее.

Србија и Куба договориле и увоз на лек за дијабетско стапало, кој покажал висок процент на лекување и дава одлични резултати.

 

 

Оцени ја веста

12.06.2015 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега