Доаѓа топлотен бран: И наредната недела ќе пука сонце - еве каде ќе биде најтопло
Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Попладне во планинските подрачја можна е изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во северозападните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе биде 8.
Утре максималната температура во СКопје ќе биде 33 степени, во Тетово 32, Маврово 23, Охрид 28, Битола 31, Демир Капија 34 и најтопло во Гевгелија со 35 степени.
За време на викендот и во почетокот на наредната недела, нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ, така што дневната температура ќе биде повисока од просечната за овој период од годината. Во попладневните часови на некои места ќе има појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во недела. Од среда се очекува промена на времето и во попладневните часови ќе биде променливо и нестабилно со пороерн дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура на воздухот значително ќе опадне, особено во четврток.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа