Три автомобили се судрија во Тетово - пет лица се повредени меѓу нив и бремена жена

Синоќа се случила страотна сообраќајна несреќа во Тетово во која пет лица се повредени.

Несреќата се случила во 21часот и 30 минути на регионалниот пат Тетово-Јажинце во Теарце кога автомобил марка „форд“ управуван од 44-годишниот А.Е од Слатино се судрил со автомобил марка „опел астра“ управуван од 28-годишниот Р.С. од Јегуновце и и комбе „форд транзит“ управувано од страна на 28-годишниот Б.К. од Требош.

Во сообраќајката најтешко повредена била 25-годишната Е.К. од Теарце која ја скршила клучната коска и бидејќи била бремена била задржана на лекување во тетовската болница. На лекување биле задржани уште три женски лица од Слатино додека една нивна сожителка по укажаната лекарска помош била пуштена на домашно лекување.

 

најчитано сега