ВИДЕО: Камперите на СДСМ претепаа велосипедист во кампот пред Влада

 

Камперите на Опозицијата кои кампуваат пред македонската Влада, заедно со блискиот соработник на Зоран Заев, Аднан Ќахил, физички нападнале двајца недолжни граѓани, вчера доцна попладне. Како што пишува Нетпрес, нема информација како дошло до инцидентот, но на снимката на порталот се гледа како камперите тепаат двајца велосипедисти, од кои едниот повозрасен маж.

На видеото се гледа како насилната група ги брка двајата недолжни граѓани и прво вербално ги напаѓа на булеварот Климент Охридски. По кусата расправија прв по недолжните граѓани со тупаница удира Аднан Ќахил, а веднаш му се придружуваат уште неколку помлади лица од опозицискиот камп. Тие со клоци и тупаници удираат едниот од двете лица.

За среќа, брзата интервенција на полицијата, спречи поголем инцидент.

Луѓето кои подобро ги познаваат состојбите во СДСМ се изрични дека ваквиот инцидент е резултат на фрустрацијата и негодувањето кое постои од работењето на Заев, како и преголемите очекувања што тој ги создаде, а кои не се исполнуваат. Главната причина за разочарувањето во кампот на СДСМ е тоа што неговите бомби немаат ефект и не ја предизвикуваат очекуваната реакција во јавноста, пишува Нетпрес.

 

 

Оцени ја веста

12.06.2015 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега