Го доев бебето само кога го успивав - прозборе мајката на издрогираното бебе

Лекарите на Одделението за интезивна нега на клиничкиот центар во Белград се борат за животот на Алексеј, кој е роден на 27. април оваа година. 

Лекарите велат дека се наоѓа во тешка сосотјба поради тоа што од мајчиното млеко во неговото тело има присуство на метадон. Бебето е старо шест недели и е приклучено од понеделникот на апарати за дишење во Клиничкиот центар. 

- Детето го хранев според правилата, го доев само кога го успивав, за да го смирам бидејќи често плачеше ж. Во понеделникот приметив дека детето е ладно и дека не се буди, веднаш повикав Итна помош ние почнавме да го реанимираме. На нас ни беше кажано дека детето е затруено. Лекарите дојдоа во последниот момент, ни рекоа дека ќе го стават во инкубатор. Тестот покажал дека во крвта има присуство на метадон, можно е тоа да се случило преку млекото, вели  мајката на шестмесечното бебе која е  зависничка од дрога

 

 

Оцени ја веста

11.06.2015 - 22:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега