Сарачини ќе го посети Државниот пазарен инспекторат

Денеска министерот за економија Ваљон Сарачини ќе го посети Државниот пазарен инспекторат.

Целта на посетата е министерот да се запознае со текот и резултатите од досегашните контроли и планираните акции за наредниот период, кои се од посебен интерес на граѓаните, дел поттикнати од нивните барања и претставки.

Во центар на вниманието ќе бидат инспекциските надзори, согласно законите за туристичка и за угостителска дејност.

најчитано сега