Внимавајте! - се реконструираат дел од патните правци во државава

Денеска сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива тековно по суви коловози.

Поради изведување градежни работи на пат на патниот правец Прилеп-Градско (Р106), еден километар пред тунел Фариш, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента во должина од 200 метри.Поставена е соодветна светлосна сигнализација за регулирање на сообраќајот. Можни се кратки застои во одвивање на сообраќајот. АМСМ ги предупредува возачите да ја приспособат брзината на движење кон условите на патот.

На патниот правец Гостивар-Маврово во близина на Ново Село во тек е реконструкцуја на мост, На овој дел сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента, регулиран со семафори.

На патниот правец Маврово-Дебар (Р409) кај Бошков мост сообраќајот се одвива по две коловозни ленти (каде е направен бајпас додека траат санациите на оштетената коловозна лента). Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, а на учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

 

најчитано сега