Oткако си пратија венец сами на себе, денес со црна пропаганда го погребaа Груевски
Црната пропаганда на СДСМ и соросовите активисти очигледно нема граници. Откако си пратија венец сами на себе пред повеќе од еден месец, истите тие денеска го погребаа премиерот Никола Груевски.
Последната постапка на опозициските активисти претставува доказ за лудилото во опозицијата и нервозата која владее во опозициските редови. Истите тие денеска продолжија со невкусна пародија во која го погребеа премиерот Груевски, што само покажува за хипокризијата со која се служат и ниските и приземни трикови за да привлечат внимание.
Во јавноста е познато е дека Бранко Героски, Сашо Орданоски и Љубомир Фрчкоски му се ментори на Заев, кои со своите налудничави идеи наликува дека стојат и зад ова ново морничаво дело на СДСМ. Од друга страна, Заев со неколку чекори досега јасно покажа дека влече потези врз основа токму на советите на оние кои ја претставуваат најтесната клика на СОРОС.
Дополнително, со ова се покажува дека Заев нема право на глас во СДСМ . Познавачите сметаат дека поради немањето капацитет и заради тоа што истите тие му ја контролираат цела инфраструктура, невладина и медиумска, го тераат во вакво лудило и без грижа за државата влегуваат во хипокризија.
Со ваквата црна пропаганда на СОРОС, воедно се покажува и дека СДСМ и опозицијата стојат и зад фамозните венци на Борјан Јовановски, со што на површина излегува извитоперениот ум на соросовите активисти кои стојат зад ова морничаво дело. Кон крајот на април, истите активисти фингираа настан со доставување на погребален венец до домот на Борјан Јовановски, целосно измислен настан кој имаше политичка цел.
Налудничавата идеја отиде дотаму шти тие другиот ден донесоа пред Владата различен венец од тој со кого се сликаа претходно, што говореше за желбата за правење на театар и лагите кои ги креираа дури и со ваков морничав чин. Денешната црна пропаганда со погреб на Груевски во кампот пред Владата, само дополнително потврдува до каде можат да одат опозициските активисти и СДСМ во својата забеганост.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа